ИМ ВРАТИЈА МИЛО ЗА ДРАГО

Претепани навивачи на Брондби во Сплит

Околу 20-тина хрватски хулигани претепаа осуммина дански навивачи

објавено: 3 август 2017 - 16:10

Реванш мечот меѓу Хајдук и Брондби имаше предигра надвор од стадионот. Околу 20-тина хулигани пресретнале и нападнале осуммина навивачи на данскиот Брондби. Вечерва овие екипи играат на „Пољуд“ во реванш од третото квалификациско коло.

Петмина од нападнатите побарале и лекарска помош. Освен што биле претепани, Данците биле и ограбени. Полицијата засега ги нема пронадено напаѓачите.

На првиот меч во Данска, навивачи на хајдук биле нападнати од дански хулигани. Тогаш беа повредени неколку хрватски навивачи. Сега хрватските хулигани им вратија мило за драго на гостите од Данска. 

Најново во Меѓународен Фудбал