како се напредува во светот на навивањето

Претепаниот „пиштол гол“ навивач, стана лидер на навивачите на Партизан

Стефан Марковиќ е навивачот кој на големите нереди кои се случија пред пет месеци на дуелот Партизан - Црвена Звезда, беше целосно гол исфрлен од трибината. Сега истиот тој е „воџа“ на еден од симпатизерите на Партизан

објавено: 23 април 2018 - 20:00

Стефан Марковиќ е дечкото кој со крвава глава и целосно гол од глава до пети беше исфрлен од трибината на Партизан, за време на дербито против Црвена Звезда кое се играше во декември. Сега, истиот тој Марковиќ успеа да напредува во навивачкиот свет и стана „воџа“ на дел од симпатизерите на Партизан. 

Марковиќ беше забележан како го води навивањето на дуелот на Партизан против Чукарички, на делот каде се приврзаниците на Милош Радисављевиќ - Кими.

За потсетување, Марковиќ беше еден од најтешко повредените навивачи, за време на 156 белградско дерби, кога една фракција на навивачи на Партизан, сакаа да го превземат челното место на „Алкатраз“.

За таа цел, беа повикани и платеници од Хрватска, но и покрај тоа, нападот беше одбиен, а 10-тина од „бунтовниците“ беа крваво претепани и исфрлени од Јужната трибина. Меѓу претепаните, токму Марковиќ беше највпечатлив, бидејќи беше целосно гол. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал