НЕ РАБОТЕЛ БАШ КАКО ШТО ТРЕБА

Претседателот на Јувентус една година надвор од фудбалот

Андреа Ањели ќе мора да паузира во следнтие 12 месеци

објавено: 25 септември 2017 - 18:50

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е отстранет од фудбалот во следните 12 месеци, а ќе треба да плати и парична казна од 20.000 евра. Причина за оваа санкција е тоа што Ањели ја злоупотребил функцијата и недозволено раководел од една навивачка група на Јувентус, а направи и злоупотреба при продажбата на сезонските билети. 

Поради непримерно работење на функцијата, првиот човек на Јувентус е казнет и со 300.000 евра. Ањели неодамна беше избран за претседател на Асоцијацијата на фудбалски клубови, каде досега прв човек беше легендарниот Карл-Хајнц Румениге.  

Најново во Меѓународен Фудбал