ПА ЗА АНГЛИСКИ УСЛОВИ И НЕ Е ТОЛКУ СКАПО

Просечната цена на билетите во Премиерлигата е....

Дури 74 отсто од гледачите кои се на трибините имаа сезонски билети за мечевите во најсилната англиска лига

објавено: 13 октомври 2017 - 14:00

Просечната цена на билетите во англиската Премиерлига за оваа сезона е точно 32 фунти. Тоа го покажа истражувањето, по собирањето на цените за билети, кои ги нудат 20-те екипи во најсилната лига во земјата. 

Статистиката покажува дека повеќе од половина од навивачите кои биле на стадион сезонава во Премиерлигата, платиле цена помала од просечната цена за билет, односно 30 фунти.

Просечната цена на билет за гостински навивачи е 26 фунти и тоа благодарение на договорот кој минатата година го направија клубовите. 

Од оние кои сезонава биле на стадионите во Премиерлигата, дури 74 отсто влегле со сезонски билети. 

Најново во Меѓународен Фудбал