ДАЛИ ЌЕ БИДЕТЕ ИЗНЕНАДЕНИ?

Протече информација за тоа кој ќе ја освoи златната топка

Според шпанскиот весник „Диарио Гол“, веќе се знае името на фудбалерот кој ќе биде прогласен за надобар во светот за 2016 година

објавено: 3 ноември 2016 - 22:38

Влијателниот шпански весник „Диарио Гол“ објави информација во која тврди кој фудбалер ќе ја освои „Златната топка“, а кој ќе биде најдобар во изборот на светската фудбалска федерација (ФИФА).

Францускиот весник „Франс Фудбал“ реши да ја откаже соработката со ФИФА, па сега повторно ќе се врати форматот на два посебни избори за најдобар фудбалер во светот. Веќе со години само двајца играчи се во трка за наградата најдобар во светски рамки. Лионел Меси и Кристијано Роналдо доминираат во последните осум години. Аргентинецот вкупно пет пати беше избран за најдобар, додека капитенот на португалската репрезентација три пати беше на тронот.

Сега овие двајца повторно ќе се тркаат, но во два посебни избори. ФИФА утре треба да го објави списокот на најдобрите 23 фудбалери, а дури потоа да се смали изборот на само тројца. Според „Диарио Гол“, Кристијано Роналдо ќе ја добие наградата на ФИФА, која за прв пат ќе се доделува во овој нов формат. 

Според шпанскиот весник, „Златната топка“ на „Франс Фудбал“ сепак ќе му припадне на Лионел Меси. Аргентинецот е рекордер, а доколку биде потврдена оваа информација на „Диарио Гол“, тоа ќе биде негова шеста „Златна топка“. 

Тоа значи дека Роналдо и Меси годинава повторно ќе ги поделат наградите и двајцата ќе бидат крунисани за најдобри во 2016 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал