РАСПОРЕДОТ НА МЕЧЕВИ ЗА НОВАТА СЕЗОНА ВО ПРИМЕРА

Првото „Ел Класико“ на 28. октомври, Барди на стартот против Реал Бетис

Денеска официјално шпанската фудбалска федерација го објави календарот на натпревари за новата натпреварувачка сезона во Примера. Првата рунда од натпреварувачката сезона 2018/2019 ќе започне на 19. август.

објавено: 24 јули 2018 - 14:07

Бранителот на титулата Барселона ќе ја започне одбраната на титулата на домашен терен против Алавес, додека вториот најголем кандидат за тронот, Реал Мадрид на домашен терен ќе го пречека Хетафе.

Првото „Ел Класико" помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 28. октомври 2018 год. на „Камп Ноу“, додека второто на 3. март 2019. год. на „Бернабеу“.

Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе ја започне сезоната на гостувањето кај Реал Бетис.

Примера 2018/2019
Двојки, 1. коло

Целиот распоред може да го видите на овој ЛИНК. 

Најново во Меѓународен Фудбал