КАТАЛОНЦИТЕ СЕ ВО СТРАВ

ПСЖ и летово ќе пазари кај Барселона и тоа за 200 милиони евра

Откако минатата година ја активираа откупната клаузула од 222 милиони евра и го купија Нејмар, францускиот првак сега сака да го доведе и Серхио Бускетс

објавено: 17 мај 2018 - 09:00

Пари Сен Жермен решил да ја купи „пола“ Барселона. Откако минатата година ја активираа откупната клаузула од 222 милиони евра и го купија Нејмар за рекорден трансфер, летово подготвуваат нов план. Францускиот првак сега сака да го доведе и Серхио Бускетс на „Паркот на принцовите“.

Иако не е ѕвезда од калибарот на Меси, Суарез, Иниеста... Бускетс е еден од најважните фудбалери во играта на Барселона. Тој е столбот во средниот ред и еден од најстандардните во тимот. Иако е почитуван, Бускетс е разочаран затоа што во изминативе неколку месеци тој не бил меѓу играчите кои добија зголемување на платите. 

Бускетс има договор до 2021 година, но доколку некој клуб ја активира откупната клаузула вредна 200 милиони евра, шпанскиот репрезентативец ќе може да си замине уште летово. Секако таа финансиска моќ да се потрошат 200 милиони евра на Бускетс ја има Пари Сен Жермен. 

Најново во Меѓународен Фудбал