СЕ ПОИНТЕНЗИВНИ СЕ ЗБОРУВАЊАТА

ПСЖ ќе го пушти Нејмар во Реал, ама под еден услов

„Кралскиот клуб“ сака да го купи некогашниот играч на Барселона и на тој начин да се засили, но и да зададе удар на каталонскиот гигант

објавено: 26 јануари 2018 - 08:30

Нејмар може да добие дозвола да си замине од тимот на Пари Сен Жермен и да заигра за Реал Мадрид уште следната сезона, но под еден услов. Бразилецот треба да му помогне на ПСЖ сезонава да ја освои Лигата на шампиони.

Според најавите, претседателот на „светците“, Насар Ал-Келафи му ветил на Нејмар дека ќе му ја исполни желбата во скоро време да заигра за Реал Мадрид, но прво треба да помогне парискиот тим да триуфмфира во елитното европско натпреварување. 

Уште како дете, додека беше во Бразил, Нејмар изјавувал дека сака да го носи дресот на Реал Мадрид, но наместо во „кралскиот клуб“ неколку сезони го носеше дресот на најголемиот нивни ривал Барселона. Доколку сега успее да донесе европска титула на ПСЖ, тимот од Париз би можел да го продаде по само една сезона помината на „Паркот на принцовите“.

Најново во Меѓународен Фудбал