Холанѓаните тврдат:

ПСЖ прифатил да плати 75 милиони евра за Френки де Јонг

Парижани ќе бидат новата дестинација за еден од најдобрите млади фудбалери во Европа оваа сезона. Двата клуба си подале рака за трансферотт.

објавено: 7 декември 2018 - 11:00

Ни Барселона, ни Манчестер Сити. ПСЖ ќе го добие потписот на младиот креативец на Ајакс, Френки де Јонг следното лето. Според информациите кои денеска се појавија во медиумите, фудбалерот на холандски Ајакс и репрезентативец на „лалињата“, ова лето сигурно заминува од Амстердам, а преселбата ќе го дочека како нов фудбалер на „светците“ од Париз.

Холандски „Телеграф“ денеска објави дека веќе имало разговори меѓу двете страни, а директорот на Ајакс Марк Овермарс објавил пред раководството на францускиот тим дека тимот е подготвен да се раздели со својот играч за сума од 75 милиони евра. За Парижани оваа сума нема да бид епроблем, и тие начелно најавиле дека се подготвени да ја платат бараната сума.

Сега на потег се разговорите со менаџерот на де Јонг и усогласувања на финансиските параметри за кои младиот играч би се преселил во Париз.

Најново во Меѓународен Фудбал