НЕ ГО ЗАБОРАВИ ДОБРИОТ НАСТАП НА МУНДИЈАЛОТ

Путин ги награди руските фудбалери

Домаќинот на Светското првенство стигна до четвртфиналето на планетарниот собир, што е нивни најдобар пласман на ваквите турнири

објавено: 28 јули 2018 - 22:02

Рускиот претседател Владимир Путин на свечена церемонија додели награди на тренерите и фудбалерите на националниот фудбалски состав, за настапот на неодамна завршеното Светско првенство. Селекторот Станислав Черчесов доби посебен орден „Александар Невки“, а почесни ордени добија и Игор Акинфеев и Сергеј Игнашевич. Награди примија и останатите што беа дел од стручниот штаб. 

„На првото Светско првенство во Русија, вие игравте храбро, самоуверено, покажавте сплотеност и волја и на крајот ја постигнавте целта, без да се штедите себеси“, рече претседателот на Русија, Путин. 

Русија дури по изведување на пенали загуби од Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот. 

Најново во Меѓународен Фудбал