ТРОФЕЈОТ НА АФРИКАНСКАТА ЛШ ЗАМИНА ВО МАРОКО

Раја е новиот африкански крал

Мароканската екипа го победи Вита Клуб од ДР Конго во финалниот двомеч

објавено: 2 декември 2018 - 22:17

Раја Казабланка го освои трофејот на Африканскиот куп на конфедерации (африканската ЛШ) по триумфот над Вита Клуб од ДР Конго со вкупни 4:3. Мароканците лесно и убедливо го совладаа ривалот со 3:0 во првиот меч, а предмалку заврши реваншот со 3:1 во корист на Вита Клуб.

Во реваншот Раја поведе во раната фаза од натпреварот и тој погодок на гостински терен се покажа како решавачки. Бадијала Вита даде три гола и триумфот од 3:1 затоа што трофејот замина во Казабланка. Раја по прекар „зелените орли" по четврти пат се африкански шампиони, а прв пат по 1999 година. Претходно триумфираа во 1989 и 1997 година.
Овој триумф го испрати Раја на светското клупско првенство во декември.

Најново во Меѓународен Фудбал