ХРВАТОТ ВЕРУВА ВО СПОРТСКИТЕ МОЖНОСТИ НА АРГЕНТИНЕЦОТ

Ракитиќ: Меси да играше тенис, ќе беше потрофеен и од Федерер

„Лео да беше тенисер, до сега ќе имаше 50 трофеи на Гренд слем турнирите“, вели играчот за врска на Барселона

објавено: 3 јуни 2018 - 21:10

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ направи интересна споредба за тоа какви се спортските можности на Лионел Меси. Ракитиќ вели дека доколку Аргентинецот бил тенисер, а не фудбалер, досега ќе има 50 титули на гренд слем турнирите. 

Засега апсолутен рекордер по бројот на трофеи на Гренд слем турнирите е Роџер Федерер со 30 трофеи на четирите големи турнири. Ракитиќ и Меси се соиграчи од Барселона, но на Мундијалот во Русија ќе бидат ривали во дресовите на Хрватска и Аргентина.

„Како и на сите останати соиграчи, така и на Меси му посакувам среќа. Секако дека Аргентина е фаворит, бидејќи лео е најдобар фудбалер во светот. Тој може нема титули со Аргентина, но на Барселона има донесено многу трофеи. Ако Меси беше тенисер досега ќе освоеше 50 титули на гренд слем турнирите. Сепак фудбалот не е индивидуален спорт и се зависи од колективот“, вели Ракитиќ. 

Најново во Меѓународен Фудбал