ПО СИНОЌЕШНИОТ МЕЧ МЕЃУ ЦРВЕНА ЗВЕЗДА И СПАРТА ПРАГА

Ранет еден од лидерите на „Делии“, му пукале во нога

Дражен Драгаш познат како Лурц има прострелна рана во ногата и не надвор од животна опасност

објавено: 28 јули 2017 - 10:52

Еден од највлијателните навивачи на Црвена Звезда, Дражен Драгаш познат како Лурц синоќа бил ранет во пукање во Белград. Нападот врз Лурц се случил по завршување на мечот меѓу Црвена Звезда и Спарта Прага, кој се играше во рамките од третото квалификациско коло во Лигата на Европа. 

Драгаш во ургентиниот центар во Белград бил донесен со приватно возило. Самиот навивач не сака да открие кој пукал во него. Минатата недела беше ранет и еден навивач на Партизан, но не се знае дали овие два напади се поврзани.

Еден од лидерите на навивачката група „Делии“ е добро познат на полицијата. Во 2010 година бил осуден на две години затвор поради недозволено поседување на пиштол „Магнум 357“. Во март 2015 година е осуден на една година поради продажба на марихуана во училишен двор. 

Му се суди и за напад на полицаец во 2006 година за време на нередите на кошаркарскиот меч меѓу Црвена Звезда и Партизан во 2006 година. За таа тепачка, неговиот пријател Иван Богданов одлежа две години во затвор. 

На Лурц не му е ова прв пат да биде ранет. Пред 12 години во едно кафуле бил ранет во нога од друг навивач на Звезда, кој подоцна преминал во „Гробари“ да навива за Партизан.

Најново во Меѓународен Фудбал