кој колку пати победи оваа година?

Реал - Барса е 44:43 во 2017 година, но само „кралевите“ се наполнија со трофеи

Во пресрет на саботното „Ел Класико“ малку статистика за најголемото дерби во светот

објавено: 20 декември 2017 - 15:50

Реал Мадрид в сабота ќе ја пречека Барселона во најголемото фудбалско дерби во светот. Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде трет сезонава. Овие два тима веќе играа во Суперкупот на Шпанија и „кралскиот клуб“ на два пати беше подобар. Сепак сега се работи за меч од првенството, каде Барселона е лидер со 11 бода пред вечниот ривал. 

Ако се пресметаат мечевите кои ги одиграа досега во 2017 година, Реал Мадрид има 44 победи, а Барселона е само со еден триумф помалку. Сепак, Реал е многу поуспешен кога се работи за освојување на трофеи во тековната година.

На „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа дури 5 трофеи. Реал стана првак на Шпанија, ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, го освои Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија, а пред неколку дена го прослави трофејот на Светското клупско првенство. 

За разлика од Реал, Барселона освои само еден трофеј и тоа во Купот на Шпанија. 

Најново во Меѓународен Фудбал