ДЕНЕСКА Е ЖДРЕПКАТА ЗА ДВОЈКИТЕ ВО ЕЛИТНАТА ЛИГА

Реал - Барса, Сити - Ливерпул во четвртфиналето од ЛШ, како само тоа би изгледало

Во 12 часот е бидат извлечени паровите за четвртфиналето од елитнта лига на УЕФА, а еден час подоцна ќе се знаат и двојките од Лигата на Европа

објавено: 16 март 2018 - 09:00

Најдобрите осум екипи останаа за трофеите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Денеска ќе бидат извлечени двојките за четвртфиналните дуели во двете натпреварувања на УЕФА. Во оваа фаза од ждрепката нема веќе привилигирани екипи. Секој е можен противник на секого. 

Двојките за ЛШ ќе бидат познати на ждрепката која треба да биде во 12 часот, а таму ќе се најдат екипите на Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Рома, Севилја, Манчестер Сити, Ливерпул и Баерн Минхен. Тоа значи дека може да имаме и „Ел Класико“ меѓу Реал и Барса, или англиски дуел Сити - Ливерпул, доколку ждрепката така посака. 

Еден час подоцна ќе се влечат и двојките за Лигата на Европа, каде останаа екипите на Арсенал, Атлетико Мадрид, Олимпик Марсеј, Спортинг, Лацио, Лајпциг, Салцбург и ЦСКА Москва. И на оваа ждрепка нема да има привилигирани екипи.  

Најново во Меѓународен Фудбал