ШПАНСКИТЕ МЕДИУМИ НАЈАВУВААТ

Реал ќе даде 400 милиони евра за Нејмар

Европскиот првак не се откажува од идејата да го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот

објавено: 12 јануари 2018 - 14:05

Европскиот првак Реал Мадрид не се откажува од идејата да го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Според реномираниот весник „Марка“, шпанскиот гигант сака на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе доведе Нејмар од Пари Сен Жермен. 

Нејмар пред почетокот на сезонава направи трансфер од Барселона во ПСЖ и тоа за рекордна сума од 222 милиони евра. „Кралскиот клуб“ сега сака да го „украде“ капитенот на бразилската репрезентација и некогашна ѕвезда на Барселона, а за тоа нуди неверојатни 400 милиони евра. 

Сепак ова не би можело да се реализира пред 2019 година. Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година. Доколку успеат во намерата да го купат Нејмар, Реал освен тоа што ќе добие екстра засилување, ќе нанесе удар на Барселона, каде Бразилецот играше до пред неколку месеци. 

Најново во Меѓународен Фудбал