Можно ли е?

Реал ќе прифати „трампа“ Де Хеа за Крос

Давид Де Хеа ќе пристигне на „Сантјаго Бернабеу“ о0ва лето, но само ако Реал Мадрид се согласи да го испрати Тини Крос во Манчестер јунајтед

објавено: 16 јули 2017 - 13:11

Давид Де Хеа ќе пристигне на „Сантјаго Бернабеу" ова лето, но само ако Реал Мадрид се согласи да го испрати Тини Крос во Манчестер јунајтед.

Оваа варијатна изгледа невозможна, бидејќи Крос е еден од столбовите во играта на актуелниот шпански и европски првак, но во фудбалот се е можно и дозволено. Сагата со ангажманот на Де Хеа, Реал ја продолжува и ова лето. Островските медиуми најавуваат дека Жозе Мурињо е подготвен само на оваа варијанта, на „Олд Трафорд“ да дојде Крос, за да може голманот да се пресели во Мадрид.  

Тоа значи дека во Скопје на 8. август на Суперкупот на Европа може да ги видиме Де Хеа и Крос во дресови на новите клубови. 

Најново во Меѓународен Фудбал