ПРОВЕРЕНА РАБОТА

Реал летово ќе пазари кај омилениот клуб

На „Сантијаго Бернабеу“ од Тотенхем пристигнаа ѕвездите герет Бејл и Лука Модриќ, а се очекува летово да пристигне и Кристијан Ериксен

објавено: 11 јуни 2018 - 13:30

Реал Мадрид секогаш игра на сигурна варијанта. „Кралскиот клуб“ летово може повторно да се фокусира на купување играч од тимот на Тотенхем. Во изминативе неколку години, Реал направи две одлични купувања, токму од редовите на англискиот Премиерлигаш. 

Герет Бејл и Лука Модриќ се играчите кои од Лондон пристигнаа во Реал и се покажаа како одлично засилување. Сега мадриѓани се фокусирани на уште една ѕвезда на Тотенхем. Се работи за Кристијан Ериксен. 

Еден од најдобрите плејмејкери во Европа би можел да дојде во Мадрид и тоа за сума од 100 милиони евра. Ериксен треба да е инвестиција за иднината и да биде наследник на Лука Модриќ кој за брзо време ќе наполни 33 години. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал