МОЖНО ЛИ Е ВАКВО СЦЕНАРИО?

Реал најде план како да собере пари за Нејмар

Пари Сен Жермен објави дека откупната клаузула на Нејмар е 400 милиони евра, па сега комбинациите се како Бразилецот би можел да дојде на „Сантијаго Бернабеу“

објавено: 11 март 2018 - 15:30

Нејмар во дресот на Реал Мадрид? Сигурно тоа е желба на поголемиот дел од навивачите на „кралскиот клуб“. Бразилецот пред почетокот на сезоната дојде во Пари Сен Жермен, а сега по само неколку месеци, се „кова“ план како би можело да се случи напаѓачот да замине во Мадрид. 

Францускиот тим обелодени дека откупната клаузула за Нејмар е 400 милиони евра, сума која е речиси двојно поголема од тоа што „светците“ платија во август минатата година. Иако се работи за огромна сума, започнаа калкулациите како би можело Нејмар да заврши на „Сантијаго Бернабеу“. 

Весникот „Ас“ шпекулира дека на крајот од сезоната, Реал може да ги продаде Бејл, Иско и Бензема и за овие три ѕвезди да добие околу 200 милиони евра. Бејл и Иско се проценуваат на 75 милиони, а бензема на 50 милиони евра. Доколку се соберат тие пари, на Реал ќе му остане уште половина од бараната сума на ПСЖ. 

Сепак, ова се само претпоставки и имаше неколку месеци пред да почне летниот преоден рок, кога и ќе се види дали Реал ќе направи офанзива за доведување на некогашната ѕвезда на Барселона. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал