КРАЈ НА НЕКОЛКУМЕСЕЧНАТА САГА

РЕШЕНО Е: Кутињо во Барселона за 160 милиони евра!

Бразилецот од понеделник треба да се пресели на „Камп Ноу“

објавено: 6 јануари 2018 - 18:27

Ако не дојде до пресврт во последен момент, тогаш може да се каже дека Филипе Кутињо од понеделник ќе биде нов играч на Барселона. Според најавите, двата тима постигнале договор за трансфер вреден 160 милиони евра. 

Според најавите, веќе е закажана и промоција, која треба да биде в победелник, веројатно на полниот „Камп Ноу“. Преговорите за трансферот на бразилскиот репрезентативец во редовите на Барселона траеја со месеци. 

Каталонскиот гигант се обиде уште во летниот преоден рок да го доведе Кутињо, но тогаш Ливерпул не сакаше да слушне за продажба на својот најдобар играч. Сепак, сега тоа се случи. Ливерпул го продава Кутињо за сума од 120 милиони евра, плус 40 милиони, во зависност од тоа колку гола ќе даде и како ќе игра во дресот на каталонскиот тим.

Кутињо треба да биде замена за Нејмар, кој пред почетокот на сезоната си замина од Барселона и за трансфер од 222 милиони евра се пресели во Пари Сен Жермен. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал