НИГЕРИЈА ЧЕКОР БЛИСКУ ДО ОСМИНАФИНАЛЕ

РИБАРИТЕ ФАТЕНИ ВО МРЕЖА: Исланд немоќен пред „Златниот“ Муса! (Видео)

Најверојатно директниот дуел за пласман во елиминациските борби ќе го имаат во Ст. Петерсбург против Аргентина.

објавено: 22 јуни 2018 - 19:07

Денеска во групата Д во рамките од второто коло Нигеријците дојдоа до првиот триумф на СП откако го совладаа Исланд со 2:0.

Херој на африканската селекција беше Ахмед Муса кој двапати се запиша во листата на стрелците, поточно во 49-та и 75. минута од средбата одиграна во Волгоград.

Исланѓаните можеа во самиот финиш само да го ублажат првиот пораз на Мундијалот, но Сигурдсон не беше прецизен од белата точка.

После одигрувањето на втората рунда од групата Д води Хрватска со шест бодови која веќе обезбеди пласман во осминафиналето, пред Нигерија со три, а по еден имаат Исланд и Аргентина.

Во последното трето коло на 26. јуни Нигерија ќе се соочи со Аргентинците, додека Исланѓаните во Ростов Арената ќе ги одмерат силите со Хрватите.

Најново во Меѓународен Фудбал