ЛЕГЕНДАРНАТА „ДЕСЕТКА“ ВО ТАНДЕМ СО КАРЛОС ТЕВЕЗ?

Рикелме пред магичен камбек во Бока, се токми фудбалски спектакл во Аргентина!

На една страна Хавиер Савиола, Лучо Гонзалес и Пабло Аимар, а на друга Карлос Тевез, Пабло Освалдо и Хуан Роман Рикелме! Можно, навистина можно сценарио...

објавено: 28 јуни 2015 - 14:24

Иако во јануари годинава ја заврши фудбалската кариера, велемајсторот на оваа игра и една од последните големи „десетки" на светскиот фудбал би можел повторно да го облече дресот на клубот во кој ја започна и заврши кариерата.

Само ден по официјалната потврда дека Карлос Тевез се враќа на „Бомбоњера", во Бока не ја исклучуваат можноста ниту да се врати Рикелме. Иако не се раздели со клупското раководство на пријатен начин, легендарниот плејмејкер би можел да го облече дресот на великанот од аргентинската престолнина.

„Вратите на Бока се ширум отворени за Рикелме. Само е потребно тој или неговиот менаџер да ме повикаат на разговор. Иако е во пензија и иако за секој играч е голем хендикеп кога не е во натпреварувачка форма, Роман е специфичен тип на фудбалер и за него враќањето во Бока е отворена опција", изјави претседателот на Бока, Даниел Ангеличи.

И Карлос Тевес ќе се обиде да го убеди Рикелме да се врати. Тие двајца играа една сезона заедно на почетокот на кариерата на Тевез, пред да се пресели Рикелме во Барселона. Доколку се обвистинат ваквите најави, тогаш навистина следното Суперкласико ќе биде спектакуларно!

Најново во Меѓународен Фудбал