НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ГО ОДИГРА ЦЕЛИОТ МЕЧ ПРОТИВ АСТАНА

Ристовски со Спортинг продолжуваат во Лигата на Европа

Португалскиот тим одигра 3:3 на свој терен, но благодарение на победата на гости, си обезбеди учеството во следната фаза

објавено: 22 февруари 2018 - 20:54

Стефан Ристовски се врати во стартниот тим на Спортинг и се радуваше на поминување во осминафиналето од Лигата на Европа на УЕФА. Македонскиот репрезентативен бек го одигра целиот меч за португалскиот гигант во ремито 3:3 против Астана, во реваншот од 1/16-финалето, во второто по ранг натпреварување на УЕФА. 

Спортинг уште на првиот меч на гости победи со 3:1 и најави дека без проблеми ќе оди понатаму. Во реваншот имаше водство од 3:1, но домаќинтие се опуштија и на крајот Астана стигна до 3:3, но тоа не ги загрози Португалците.

Без проблеми во следната фаза се најдоа и екипите на Лацио и Атлетико Мадрид. Римјаните убедливо со 5:1 славеа против Стеауа, додека Атлетико имаше сигурни 4:1 по првиот меч против Копенхаген, па во Мадрид доволно беше и победа од 1:0. 

Наполи со 2:0 славеше на гости кај Лајпциг, но калчолигашот е елиминиран, откако дома загуби со 1:3. Лион го елиминираше Вилјареал, а Плзен беше подобар од Партизан.

Резултати: Локомотив Москва - Ница 1:0, Атлетико Мадрид - Копенхаген 1:0, Динамо Киев - АЕК 0:0, Лацио - Стеауа 5:1, Плзен - Партизан 2:0, Лајпциг - Наполи 0:2, Спортинг - Астана 3:2, Вилјареал - Лион 0:1, Зенит - Селтик 3:0. 

Најново во Меѓународен Фудбал