Неверојатен подвиг и за тимот и за напаѓачот

Ривер Плата го потопи првакот на Боливија со 8:0, Скоко за еден час постигна 5 гола

Аргентинскиот клуб Ривер Плата го декласира противникот од Боливија Хорхе Вилстерман со 8:0 и се пласираше во полуфиналето на Копа Либертадорес. Подвиг приреди и Игнасио Скоко со пет погодоци за неполн час игра

објавено: 22 септември 2017 - 12:24

Аргентинскиот клуб Ривер Плата го декласира противникот од Боливија Хорхе Вилстерман со 8:0 и се пласираше во полуфиналето на Копа Либертадорес. Подвиг приреди и Игнасио Скоко со пет погодоци за неполн час игра.

И што е најинтересно реваншот требаше да биде речиси невозможна мисија по поразот од 0:3 на Аргентинците на гостински терен. Тие тргнаа жестоко и со хет-трикот на Скоко за само 19 минути ја анулираа негативата, а потоа и го прегазија ривалот. Скоко до 58. минута веќе имаше постигнато 5 погодоци, а му се приклучија и Енцо Перез со два и Игнасио Фернандес со еден погодок за неверојатен резултат од 8:0. Скоко, кој летово пристигна во Ривер покрај петте погодоци имаше и една асистенција.

Најново во Меѓународен Фудбал