ПРОБА НО НЕ УСПЕА ДА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНОТ

Ризикот посилен од желбата: Мејсон се откажа од фудбалот

Мејсон кој неодамна стана татко, се одлучил на ваков чекор по совети од невролози и неврохирурзи

објавено: 13 февруари 2018 - 18:50

Играчот од средниот ред на Хал сити, Рајан Мејсон е принуден да се откаже од фудбалот на 26 години по совет на лекарите. Фудбалерот кој има еден настап за англиската фудбалска репрезентација во јануари 2017 претрпе фрактура на черепот откако се судрија со главите со Гери Кејхил и итно беше пренесен во болница каде беше опериран.

Тој се обиде да се врати на фудбалските терени меѓутоа безуспешно. Речиси цела 2017 година ја помина во рехабилитација. Признава пораз во битката со фудбалот и дека нема друга опција освен да ги закачи копачките на клинец. Мејсон кој неодамна стана татко, се одлучил на ваков чекор по совети од невролози и неврохирурзи.

„Работев напорно за да се вратам на теренот. За жал, ги прифатив советите на медицинските лица и се откажувам од фудбалот. Со оглед на природата на мојата повреда, најдобро е вака. Во ваква состојба фудбалот за мене е преголем ризик ", изјави Мејсон.

Мејсон е продукт на академијата на Тотенхем, а во 2008 година го потпиша професионален договор со нив. Меѓутоа одигра само 53 меча во период од осум години затоа што беше позајмуван во други клубови. Во 2016 година потпиша за Хал, меѓутоа одигра само 16 првенствени мечеви.

Единствениот меч за англиската репрезентација Мејсон го одигра во март 2015 година против Италија во Торино (1:1).

Најново во Меѓународен Фудбал