НЕКОГАШНАТА ЅВЕЗДА НА РЕАЛ МАДРИД „ПУКА“ И НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ

Роберто Карлос - дедо на 44 години, кој има шест жени и девет деца

Поранешниот репрезентативец на Бразил го доби првиот внук

објавено: 13 октомври 2017 - 08:00

Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, Роберто Карлос, стана дедо. Неговата втора ќерка, Џована, роди машко детенце. 

„И честитам на мојата ќерка за тоа што го роди првото дете, внукот Педро! Бог нека ве благослови вас и вашиот убав син. Ви посакувам многу здравје“, напиша Роберто Карлос на социјалните мрежи. 

Бразилецот кој беше играч на Палмеираш, Интер, Реал Мадрид, Фенербахче, Коринтијанс, Анжи и Делхи, досега се има женето шест пати, а има вкупно девет деца. Сега за прв пат доби и внук

Најново во Меѓународен Фудбал