ОТКАКО НЕ СЕ СНАЈДЕ НА „КАМП НОУ“

Рома носи играч на Барселона

„Римската волчица“ веќе има преддоговор со дефанзивецот 

објавено: 14 ноември 2017 - 22:00

Дефанзивецот на Барселона, Алекс Видал ќе се пресели во редовите на италијанскиот калчолигаш Рома.  Двата клуба постигнале преддоговор за десниот бек, кој ретко добива шанса да игра за каталонскиот гигант. 

Барселона плати 15 милиони евра за Видал, кој дојде во 2015 година, но не успеа да се избори за место во стартниот тим. Иако беше еден од главните играчи додека го носеше дресот на Севилја, сега е далеку од плановите на тренерот на Барса, Ернесто Валверде.  

Токму затоа Рома верува дека Шпанецот ќе биде идеално решение и треба да дојде на „Олимпико“ во Рим. Најавите се дека бекот ќе го облече дресот на калчолигашот уште во јануари, кога би заминал како позајмен играч, а на крајот од сезоната треба да се склучи и договор за целосен трансфер. 

Најново во Меѓународен Фудбал