БРАЗИЛЕЦОТ НАЛДО ГО НАПРАВИ ПОТЕГОТ НА КАРИЕРАТА

Романтика на стадион, Налдо ја побара девојката за жена (Фото+Видео)

Дефанзивецот на Краснодар реши да ја изненади својата девојка Џулијана, која ја прифати понудата да му биде животна сопатничка

објавено: 30 октомври 2016 - 15:54

Бразилскиот бранител Налдо тргна во офанзива и тоа му се исплатеше. Играчот на руски Краснодор, тоа го направи на фудбалскиот терен, но не за време на меч. Тој реши да ја побара својата девојка Џулијана за жена. 

За идејата да ја побара Џулијана за жена знаеле сите освен девојката. Тој и рекол дека има договорено интервју за некоја телевизија и дека требало да одат заедно. Сепак место новинари, Џулијана на теренот ја пречека Налдо со букет цвеќе и веренички прстен. Таа кажа „да“ и прифати да му биде жена. 

Најново во Меѓународен Фудбал