КРИСТИЈАНО ПОКАЖУВА ЗОШТО ЈА ИМА „ЗЛАТНАТА ТОПКА“

Роналдо бил слаб сезонава? Погледнете ја статистиката

Португалецот вечерва даде гол за водство од 1:0 на Реал на гостувањето во Париз против Пари Сен Жермен и го најави влезот на „кралскиот клуб“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите

објавено: 6 март 2018 - 23:34

Кристијано Роналдо повторно покажа дека е најдобар кога тоа му е најпотребно на клубот. Португалецот даде гол во победата на Реал Мадрид на гости кај Пари Сен Жермен и го трасираше патот кон четвртфиналето во Лигата на шампионите. 

Иако сезонава многумина велат дека Роналдо не игра во својата препознатлива форма, сепак статистиката покажува дека тој е одличен. 

Со голот вечерва против ПСЖ стигна до девет меча во низа на кои дава погодок во Лигата на шампионите и го израмни рекордот на Руд ван Нистелрој од 2003 година, во дресот на Манчестер Јунајтед. 

Во последните девет меча во сите натпреварувања, Португалецот даде 15 погодоци. Во последните 13 средби од ЛШ има 22 голови на своето конто. Стана првиот играч кој дал гол на сите шест меча во групната фаза, а потоа и во двата меча од осминафиналето. 

Вкупно сезонава има 31 гол во 33 меча во сите натпреварувања и е само еден гол помалку од Лионел Меси и Салах од Ливерпул, но и двајцата имаат одиграно повеќе средби од ѕвездата на Реал Мадрид.

Роналдо сега има вкупно 117 голови во Лигата на шампиони и е убедливо најдобар стрелец. Тој има 79 погодоци со десна нога, 16 со левата, еден со лево колено и 19 со глава. Во дресот на Реал, вкупно во сите натпреварувања има дадено 437 голови во 427 средби. 

Кристијано не само што не е слаб, тој е феноменален. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал