НЕВЕРОЈАТЕН Е ПОРТУГАЛЕЦОТ

Роналдо го даде голот на кариерата! Со „ножички“ го матираше Буфон, аплаудираше цел стадион во Торино (Видео)

Кристијано Роналдо го даде можеби најдобриот гол во својата кариера, откако со ножички погоди за 2:0 за Реал Мадрид на гости во Торино против Јувентус

објавено: 3 април 2018 - 22:14

Кристијано Роналдо покажа зошто е најдобриот фудбалер во светот во моментов. Португалецот го даде можеби најубавиот гол во својата кариера и тоа на гости кај Јувентус, против Џиџи Буфон, во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Португалецот погоди со „ножички“, потег по кој аплаудираа и навивачите на Јувентус. 

Непосредно по тој погодок на Роналдо, црвен картон доби домашниот напаѓач Дибала, што само ја олеснува работата на Реал Мадрид, кој води со 2:0 во Торино.

Најново во Меѓународен Фудбал