ПОРТУГАЛЕЦОТ СО „ОТРОВНИ СТРЕЛИ“ КОН ЛЕО

Роналдо го нападна Меси: Не е никаков џентлмен

Секогаш му честитам за наградите, а тој мене не, обвини Кристијано

објавено: 11 јануари 2017 - 22:00

Актуелниот најдобар играч во светот, Кристијано Роналдо го изрази своето негодување од фактот Лионел Меси не му честитал за ниту една од многуте добиени награди во изминативе два месеци. Роналдо беше прогласен за најдобар играч во изборот на ФИФА, а ја освои и „Златната топка“.

Меси не се појави на гала свеченоста во Цирих на ФИФА, а Роналдо обвини дека воопшто не добил никаква честитка од Аргентинецот, кој заврши на второто место во гласањето на ФИФА.

„Дали сум добил честитка од Меси? Вие се шегувате со мене? Дури му го немам ни бројот“, вели Роналдо, кој додаде дека тој секогаш му честитал на Аргентинецот кога ќе освоел некоја награда. „Секогаш сум му честитал за наградите. Тоа го права на церемониите. Него го немаше во Цирих. Кога тој добиваше „Златни топки“, секогаш му честитав. Сега не се случи обратно“, заврши Роналдо.

Меси е рекордер со пет „Златни топки“, а Роналдо ја освои четвртата ваква награда. Нивното ривалство на теренот, но и надвор од него трае речиси една деценија.  

Најново во Меѓународен Фудбал