СЕ ПОЈАСНО Е ДЕКА ПОРТУГАЛЕЦОТ ЌЕ СИ ОДИ ОД РЕАЛ МАДРИД

Роналдо и Перез ќе потпишат „развод“

Првата ѕвезда на „кралскиот клуб“ нема да добие продолжување на договорот

објавено: 18 јануари 2018 - 21:33

Кристијано Роналдо е се поблиску до заминување од Реал Мадрид. Според најавите, претседателот на шпанскиот гигант, Флорентино Перез не сака да му предложи нов договор на најдобриот играч на тимот од „Сантијаго Бернабеу“. 

Португалскиот ас побарал драстично зголемување на платата, нешто на кое Перез не се согласил. Роналдо е лут бидејќи Лионел Меси кој неодамна го продолжи договорот со Барселона, ќе добива 40 милиони евра по сезона. Бразилецот Нејмар во Пари Сен Жермен добива 30 милиони евра по сезона, додека Роналдо има плата од 21 милиони евра по сезона. 

Самиот играч објаснува дека со ваквиот биланс на платите, тој не се чувстувал доволно ценет во Реал Мадрид. За Роналдо се интересираат неколку екипи, а најгласни се шпекулациите дека ќе се врати во Манчестр Јунајтед. 

Најново во Меѓународен Фудбал