КРИТИКИ НА СМЕТКА НА КАПИТЕНОТ

Роналдо немаше да се скрие како Меси

Некогашниот голман на „гаучосите“ Уго Гати вели дека вистински предводник не смее да го направи тоа што го направи Лео по поразот на Аргентина од 6:1 во дуелот со Шпанија

објавено: 29 март 2018 - 19:40

Некогашниот аргентински голман Уго Гати жестоко го критикуваше капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси за одлуката да не игра во дуелот против Шпанија, во контролниот меч, кој „црвената фурија“ го доби убедливо со 6:1. 

Меси реши да остане на трибините и ги остави соиграчите на цедило во дуелот со Шпанија. Без Лео на теренот, Аргентина делуваше очајно и на крајот загуби со 6:1, што е еден од најтешките порази на „гаучосите“ во репрезентативната историја. 

„Меси требаше да игра против Шпанија. Луѓето сакаат да го гледаат на теренот. Сигурен сум дека ако Кристијано Роналдо беше на неговото место, ќе играше и немаше да го пропушти тој дуел“, рече 73-годишниот Гати, кој има 18 меча во дресот на Аргентина. 

Легендарниот голман е рекордер со 26 сезони во првенството на Аргентина, од кои 16 ги помина во дресовите на Бока Џуниорс и Ривер Плејт.   

Најново во Меѓународен Фудбал