НИВНИОТ РИВАЛИТЕТ Е НА СЕКОЕ ПОЛЕ

Роналдо откри само на кој начин можел да има повеќе „Златни топки“ од Меси

Кристијано по четврти пат ја освои една од највредните индивидуални награди и сега е само на еден чекор зад аргентинскиот виртуоз

објавено: 14 декември 2016 - 10:25

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во понеделникот официјално беше прогласен за најдобар фудбаалер во светот за 2016 година. Капитенот на португалската репрезентација по четврти пат ја доби „Златната топка“, со што е втор најдобар биланс во 60-годишната историја на оваа награда.

Единствено пред Роналдо е неговиот голем ривал од Барселона Лионел Меси. Аргентинецот досега пет пати бил најдобар. Кристијано откри на кој начин ќе имал повеќе вакви награди од Меси. 

„Ќе беше интересно да игравме заедно во ист тим. Не знам како би функционирале, но сметам дека големите фудбалери треба да играат заедно. Мислам дека ако игравме во ист тим со Меси, јас ќе имав освоено повеќе „Златни топки“ од него, но и тој немаше да остане без ваквите награди. Сите знаат дека тој е голем фудбалер, бидејќи пет пат ја има освојувано „Златната топка“, вели Роналдо.

Португалецот кој има 31 година вели дека е подготвен и во 2017 година да игра на врвно ниво и да се обиде да го стигне Меси по бројот на освоени „Златни топки“.

Најново во Меѓународен Фудбал