КРИСТИЈАНО КАКО ДА ПРАВИ ФУДБАЛСКИ ТИМ

Роналдо призна дека му се родиле уште два сина

По поразот од Чиле во полуфиналето од Купот на конфедерации, капитенот на португалската репрезентација официјално ја потврди веста за близнаците

објавено: 29 јуни 2017 - 11:02

Кристијано Роналдо за прв пат официјално потврди дека повторно станал татко и тоа на двајца близнаци. Двете бебиња се машки, што значи дека Кристијано веќе има три сина. Како и во случајот со Кристијано Јуниор и овојпат се работи за сурогат мајка. 

Капитенот на португалската репрезентација ова го откри веднаш по поразот од Чиле во полуфиналето од Купот на конфедерации во Русија. 

„Секогаш сум служел на националниот тим и сум играл со целото мое срце и душа. Се фокусирав на теренот, иако знаев дека ми се родија два сина. За жал не успеавме да ја постигнеме основната цел, но со сигурност ќе кажам дека во иднина ќе носиме радост на навивачите на Португалија“, напиша Роналдо на социјалната мрежа „Фејсбук“. 

Можно е Роналдо во скоро време повторно да стане татко, затоа што се шпекулира дека неговата девојка, Џорџина Родригез е трудна и тоа во петиот месец од бременоста. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал