ПОРТУГАЛСКИОТ ВИРТУОЗ ПОВТОРНО НАЈДОБАР

Роналдо се израмни со Лионел Меси: Ја освои петата „Златна топка“

Втора година по ред, голгетерот на Реал Мадрид ја освои престижната награда на „Франс Фудбал“

објавено: 7 декември 2017 - 20:55

Кристијано Роналдо ја освои „Златната топка“ на францускиот магазин Франс Фудбал, за 2017 година. Ѕвездата на Реал Мадрид, втора година по ред е најдобар, оставајќи ги зад себе Лионел Меси и Нејмар. 

За Роналдо ова е пета ваква награда, со што се израмни токму со Меси, како двајца најтрофејни играчи во историјата на оваа престижна награда.

Португалецот ја има освојувано оваа награда во 2016, 2014, 2013 и 2008.

Најново во Меѓународен Фудбал