СЕ ЈАВИ И КРИСТИЈАНО

Роналдо со писмо се прости од сите мадридисти

„Побарав од челниците на клубот да го прифатат овој трансфер и барам сите да ме разберете“, напиша најдобриот играч на Реал во оваа речиси измината декада

објавено: 10 јули 2018 - 18:24

По официјализирање на трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, самиот играч даде свое објаснување за направениот трансфер. 

„Сите овие поминати години во Реал Мадрид и во градот Мадрид се можеби најубавите во мојот живот. Можам само да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа љубов и почит. Како и да е, мислам дека доаѓа време да се отвори нова страница во мојот живот и затоа побарав од челниците на клубот да го прифатат овој трансфер. барам сите, посебно од навивачите да го разберат овој мој потег. Поминав девет прекрасни години во Реал. Тоа беа девет уникатни години. Тоа е време поминато со многу динамика и возбуда, но и бараше многу работа, бидејќи Реал е тим кој е на врвно ниво. Поминав одлично време и со соиграчите. освоивме три титули во Лигата на шампионите по ред, односно четири во последните пет години. На индивидуално ниво освоив четири „златни топки“ и три „златни копачки“. Реал Мадрид ќе остане во моето срце. Му благодарам на клубот, на претседателот, на директорите, на соиграчите, на луѓето од техничката поддршка, докторите и на сите останати да неверојатната работа, каде се мораше да биде до перфекција“, стои во писмото на Роналдо.

На крајот од писмото Роналдо ги кажува истите зборови што ги кажа и кога за прв пат дојде во Реал Мадрид пред девет години. „Напред Мадрид!“   

Најново во Меѓународен Фудбал