ФРАНС ФУДБАЛ ЌЕ ГО ОДБЕРЕ НАЈДОБРИОТ ЗА 2016

Роналдо вечер ја чека „Златната топка“

Капитенот на португалската репрезентација е главен фаворит, каде во конкуренција се уште и Лионел Меси и Антоан Гризман

објавено: 12 декември 2016 - 10:55

Кристијано Роналдо чека вечерва по четврти пат да биде крунисан за најдобар фудбалер во светот, во изборот на „Франс Фудбал“. Францускиот магазин традиционално, веќе шест децениија, доделува „Златната топка“ за најдобриот фудбалер во светот, во тековната година. 

Покрај Роналдо, во потесниот избор се и Лионел Меси и Антоан Гризман, но сепак првата ѕвезда на Реал Мадрид е главен фаворит. Роналдо оваа година стана европски првак на клупско и репрезентативно ниво. Најпрво со Реал Мадрид се радуваше на трофејот во Лигата на шампионите, а потоа и во дресот на португалската репрезентација го славеше пехарот на Европското првенство. 

Досега Роналдо има освоено три „Златни топки“, а пред него е само Меси. Аргентинецот во својата колекција има дури пет вакви награди. Токму овие двајца домнинираат во изборот речиси една деценија. 

Роналдо нема да биде присутен на гала свеченоста во Париз, бидејќи има клупски обврски. Со Реал Мадрид е во Јапонија, каде се подготвуваат за мечевите од Светско клупско првенство. 

Најново во Меѓународен Фудбал