ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ФУДБАЛЕРИ НЕ МИСЛАТ ДЕКА КРИСТИЈАНО Е БРОЈ 1

Роналдо во стилот на Трамп стана најдобар фудбалер според ФИФА

Во гласањето на Светската фудбалска федерација освен професионалните фудбалери, учествуваа и капитените и селекторите на сите репрезентации, новинарите и навивачите

објавено: 12 јануари 2017 - 10:00

Повеќе од 26.000 професионални фудбалери го одбраа најдобриот тим во светот за 2016 година. Изборот на фудбалерите е единствениот критериум по кој се бираа најдобрите играчи за минатата година. 

Ако се гледа тој избор, фудбалерите кои се најкомпетентни да го одберат најдобриот, не мислат дека Кристијано Роналдо требало да ја добие наградата на ФИФА. Лионел Меси е играчот кој доби убедливо најмногу гласови од неговите колеги, кои се дел од Здружението, но сепак Роналдо е прогласен за најдобар.

СРЕЌА ЗА КРИСТИЈАНО ШТО НЕ ГЛАСАА САМО ФУДБАЛЕРИТЕ

Многумина сметаат дека Роналдо победил во сличен стил како што тоа го направи Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Во тој случај, Хилари Клинтон имаше повеќе освоено гласови, но сепак Трамп е претседател, поради начинот на кој се гласаше. 

Во изборот на ФИФА, освен професионалните фудбалери кои најмногу гласови му дадоа на Меси, право на глас имаа и капитените и селекторите на сите репрезентации, новинарите и навивачите. Во тој дел од гласањето Роналдо доби повеќе гласови и на тој начин успеа да го неутрализира мислењето на професионалните фудбалери.

АКО СЕ ГЛЕДААТ ТРОФЕИТЕ, ЗОШТО ПЕПЕ НЕ Е НАЈДОБАР?

Португалецот беше прогласен за најдобар играч на гала свеченоста во Цирих, со осум отсто повеќе гласови од Меси. Роналдо ги освои најзначајните трофеи, но сепак ова е индивидуална награда. Ако се гледаат трофеите, многумина се прашуваат зошто дефанзивецот Пепе не е најдобар. Пепе е соиграч на Роналдо и во Реал и во португалската репрезентација и ги освои истите трофеи, но го немаше никаде на изборот.

МЕСИ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ, АСИСТЕНТ...

Споерд индивидуалното постигнување за 2016 година, Лионел Меси е убедливо најдобар стрелец и најдобар асистент. Роналдо е далеку зад Аргентинецот. Лео е прв на листата и по бројот на успешни дриблинзи, успешно изведени слободни удари, најмногу хет-трика и уште неколку први места во разни индивидуални категории. Се радуваше на титулата во Примера и во Купот на Шпанија. 

И покрај сите анализи, Роналдо е играчот кој прв ја доби новата награда на ФИФА наменета за најдобриот играч во светот. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал