НОРВЕЖАНИТЕ БЕЗ ПРОБЛЕМИ ВО ИРСКА

Розенборг чекор блиску до Шкендија во плеј-офот на Лига Европа! (Видео)

Денеска се одигра првиот натпревар од третото квалификациско коло на Лига Европа помеѓу Корк Сити и Розенборг.

објавено: 9 август 2018 - 22:41

На стадионот „Тарнерс Крос" во Ирска победа на норвешкиот тим со резултат 0:2. Стрелец на двата голови за Розенборг беше Швеѓанецот Леви во 22. и 44. мин. од средбата.

На тој начин, Розенборг е многу блиску до пласман во плеј-офот на ЛЕ каде што го чека поразениот од двомечот Шкендија-Салцбург од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Како што стојат моментно работите, поголема е веројатноста во битката за влез во групната фаза на Лига Европа да се најдат Розенборг и Шкендија, но секако нема да ги исклучиме шансите на македонскиот шампион кој пред реваншот во Скопје има негатива од 3:0 против Салцбург.

Најново во Меѓународен Фудбал