ВОЗБУДЛИВО ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО СОЧИ

Руска „бомба“ ги здрма коцките, веднаш ги склопи Крамариќ! (Видео)

Заврши првото полувреме каде што минимално и изненадувачки најпрвин водеше домаќинот на Светското првенство.

објавено: 7 јули 2018 - 20:51

Во 31. минута од средбата најпрвин асистираше Дзјуба, а потоа ја прифати топката Денис Черишев кој испрати „проектил" во хрватската мрежа, Субашиќ беше целосно немоќен.

Тоа беше негов четврти погодок на Мундијалот, два повеќе од него има само легендарниот Олег Саленко (шест) во 1994. година.

На пауза сепак „коцкестите" се погрижија да не заминат со негатива, Манџукиќ убаво го пронајде Крамариќ кој без проблеми, нечуван од никого со глава стрелаше за израмнување.

Најново во Меѓународен Фудбал