ДОМАЌИНИТЕ НА СП 2018 НАЈАВИЈА

Руска тактика: Рамос ни покажа како да го чуваме Салах

„Зборнаја“ во битка за место во нокаут фазата за противници во групата ги има Египет, Саудиска Арабија и Уругвај

објавено: 10 јуни 2018 - 15:25

Како домаќин на Светското првенство, Русија сигурно очекува да ја помине групната фаза на планетарниот собир. Русите се во група со Египет, Саудиска Арабија и Уругвај. Ако се знае дека двократниот светски првак Уругвај ја има фаворитската улога во оваа група, на Русија можеби клучен меч за да се помине групата, ќе биде тој против Египет. 

Токму Египет во своите редови треба да ја има една од најголемите ѕвезди на Мундијалот. Мохамед Салах би требало да бие подготвен за дуелот против Русија. Интересно е што дефанзивецот на домаќините, Илеј Кутепов изјави дека има тактика како да се сопре Салах. 

„Дали нè плаши играта на Салах? Не, Рамос ни покажа како да го сопреме. Нема да кажам дека ми падна жал кога видов дека Салах доби повреда во финалето од Лигата на шампионите, но му посакувам брзо да закрепне. Ќе бидам среќен ако игра на Мундијалот. Тој е голема ѕвезда и предизвик е да се игра против еден таков играч“, рече дефанзиецот на Русија, Кутепов.

Најново во Меѓународен Фудбал