МО НЕ ВЕРУВА ДЕКА СТАРТОТ НА РАМОС БИЛ СЛУЧАЕН

Салах: Ако Реал победува на ваков начин, не сакам никогаш да играм таму

„Ме фати за раката и ме повлече надоле, а потоа со цела тежина падна на моето рамо“, ја објаснува ситуацијата која го смени можеби целиот тек на финалето

објавено: 27 мај 2018 - 12:30

Покрај несфатливите киксови на голманот на Ливерпул Лорис Кариус, еден од главните моменти во финалето на Лигата на шампионите, беше и повредата на најдобриот играч на англискиот тим, Мохамед Салах. Првата ѕвезда на Ливерпул го напушти теренот во 32 минута, поради повреда на рамото, здобиена по еден дуел со каипитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. 

Во кобната ситуација за Салах, Рамос падна директно на неговто рамо и го повреди. Сега Салах може да го пропушти и Светското првенство кое за помалку од еден месец стартува во Русија. Самиот Салах е разочаран од раквиот развој на настаните, но се сомнева дека стартот на Рамос бил ненамерен. 

„Не мислам дека стартот на Рамос беше случаен. Ме фати за раката и ме повлече надоле. Потоа со целата негова тежина падна на моето рамо. Ова не беше нешто нормално што може да се случи. Многу сум разочаран. Ако Реал Мадрид на овој начин победува, тогаш никогаш не би сакал да бидам дел од овој тим“, рече разочараниот Салах, кој сега ќе биде во трка со времето дали ќе се опорави до стартот на Мундијалот во Русија.

Додека Салах беше на теренот Ливерпул делуваше многу поопасно, а Реал беше во подредена ситуација. По повредата на Салах, ситуацијата на теренот целосно се промени, а мадриѓани на крајот стигнаа до убедлива победа. 

Најново во Меѓународен Фудбал