нова технологија

Салах ќе биде на Ф1 погон за финалето во ЛШ

Напаѓачот на Ливерпул за утрешното финале против Реал Мадрид ќе игра со копачки кои се инспирирани од дизајнот и технологијата која се користи во светот на Формула 1 и професионалниот велосипедизам

објавено: 25 мај 2018 - 10:10

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах за утрешното финале против Реал Мадрид ќе игра со копачки кои се инспирирани од дизајнот и технологијата која се користи во светот на Формула 1 и професионалниот велосипедизам. 

Се работи за копачките Адидас Х18+, кои требаше премиерата да ја имаат на Светското првенство во Русија. Сепак, Салах успеа да издејствува да ги носи пред Мундијалот во Русија. Овие копачки се направени така да ги направи фудбалерите да бидат уште побрзи. 

Сезонава на Салах му е измерена брзина од 34,93 км на час, а со овие копачки се очекува да биде уште побрз. Освен Салах, вакви копачки на Мундијалот во Русија ќе носат и Герет Бејл, Карим Бензема и Марсело. 

Најново во Меѓународен Фудбал