ОД ЕГИПЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ПОТВРДИЈА

Салах ќе биде подготвен за Сп во Русија

„По средбата со лекарскиот тим на репрезентацијата на Египет, може да потврдиме дека Салах ќе игра на Мундијалот во Русија“, стои во соопштението од египетската федерација

објавено: 1 јуни 2018 - 14:00

Челниците на фудбалската федерација на Египет потврдија дека Мохамед Салах ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија. Капитенот на Египет се повреди во клупскиот настап за Ливерпул и тоа во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. 

Салах заработи повреда на рамото кое бара три-четири недели мирување. Иако постоеја дилеми дали ќе биде подготвен или не, позитивни вести стигнаа од Египет. 

„По средбата со лекарскиот тим на репрезентацијата на Египет, може да потврдиме дека Салах ќе игра на Мундијалот во Русија. Мирувањето и рехалибитацијата нема да биде подолга од три недели“, стои во официјалното соопштение на египетската федерација. 

Египет ќе биде дел од планетарниот собир во Русија, а првиот настап ќе го има на 15 јуни против Уругвај. Во групната фаза противници ќе им бидат уште и Русија (19 јуни) и Саудиска Арабија (25 јуни). Предвидувањата се дека Салах ќе го предводи националниот тим на теренот уште на првата средба против Уругвај. 

Најново во Меѓународен Фудбал