иако сезонава блеска

Салах откри зошто не е на нивото на Роналдо и Меси

Египетскиот репрезентативец знае дека треба да поминат уште многу години за да го сопредуваат со двајцата најдобри во последнава деценија

објавено: 15 мај 2018 - 13:00

Најдобриот играч и прв стрелец во англиската Премиерлига, Мохамед Салах вели дека уште го нема достигнато нивото на суперѕврздите, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Египетскиот репрезентативец сезонава даде 32 погодци во 36 меча за Ливерпул, што е нов рекорд на Премиерлигата. 

„Секако дека сум среќен за постигнувањата кои ги имав сезонава. Сепак, за да бидам на нивото на Меси и Роналдо, треба да бидам константен со години. Тие се на врвно ниво веќе 10/11 години по ред. Играат многу стабилно и константно. Јас се надевам дека ќе успеам да го задржам овој ритам на игра и во следните сезони, како што тоа го прават Меси и Роналдо“, рече Салах. 

Најдобриот играч во Англија ќе има шанса во директен дуел со Роналдо да се бори за освојување на трофејот во Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Ливерпул ќе играат во големото финале, кое на 26 мај ќе се игра во Киев.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал