ПРВАТА ЅВЕЗДА НА ЛИВЕРПУЛ ИМА СВОЈ НЕОСТВАРЕН СОН

Салах: Сите 40 гола веднаш ги менувам за трофејот во ЛШ

Голгетерот на „црвените“ е незапирлив сезонава

објавено: 16 април 2018 - 11:25

Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах вели дека без воопшто да се двоуми, би се откажал од сите 40 погодоци кои сезонава ги има постигнато, само за да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Според играта, Египѓанецот сезонава е на ниво на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. 

На Салах му недостасуваат уште седум погодоци, за да го достигне клупскиот рекорд на Јан Раш, кој во една сезона има постигнато 47 погодоци во сите натпреварувања. 

„Убаво е чувството кога ќе се дадат толку многу голови. Мило ми е што можам да му помогнам на тимот. Рекордот на Раш навистина е блиску. Ме делат само уште седум погодоци. Не сум броел уште колку меча имаме до крајот на сезоната. Мое е да давам голови и да му помогнам на тимот. Нема да лажам дека размислувам за освојување на „Златната копачка“, но ако треба да изберам меѓу таа награда и освојување на Лигата на шампиони, дефинитивно тоа ќе биде трофејот во елитното натпреварување“, рече Салах. 

Најново во Меѓународен Фудбал