ПРЕД „БИКОВИТЕ“ ПАЃАА ДОРТМУНД, ЛАЦИО...

Салцбург лани стигна до полуфинале во Лига Европа!

Македонскиот шампион пред себе можеби ќе го има досега еден од најтешките предизвици во својата историја на меѓународната сцена.

објавено: 3 август 2018 - 11:15

Шкендија на 8. август најпрвин ќе гостува во Ред Бул Арената против Салцбург во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Салцбург можеби беше едно од најголемите изненадувања во Лига Европа, стигнувајќи дури до полуфиналето.

Најпрвин во групата И заврши на првото место со 12 бодови, пред Марсеј, Коњаспор и Виторија Гимараеш. Учинок од три победи и три нерешени средби (гол разлика 7:1).

Во првата рунда од нокаут-фазата го елиминираше Реал Сосиедад (2:1 дома/2:2 гости), шпанскиот претставник беше еден од противниците на Вардар.

Потоа, во осминафиналето го урнаа германскиот тим на Борусија Дортмунд (0:0 дома/2:1 гости), а во четвртфиналето приреди уште поголема сензација исфрлувајќи го римскиот Лацио (4:1 дома, 2:4 на гости).

Во полуфиналето Австријците беа запрени од Марсеј кој триумфираше со 2:0 пред своите гледачи, истиот резултат беше и на реваншот, но Роландо во 116. минута ги „нокаутираше" популарните бикови.

Најново во Меѓународен Фудбал