ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОИ СЕ ТИЕ?

Само 19 европски клуба никогаш не биле второлигаши

По испаѓањето на Хамбургер од Бундеслигата, останаа само 19 клуба (од најсилните европски лиги) кои никогаш не биле во понизок ранг натпреварување

објавено: 13 мај 2018 - 17:00

Престижното друштво од клубови кои никогаш не испаднале во втора лига во своите земји, се намали по испаѓањето на Хамбургер во Германија. Сега листата има 19 клуба, а во предвид се земени лигите на Шпанија, Франција, Англија, Италија, Германија, Португалија, Холандија, Грција, Белгија, Турција и Шкотска. 

Од Шпанија, честа секогаш да бидат прволигаши ја имаат Реал Мадрид, Барселона и Атлетик Билбао. Единствен италијански клуб кој никогаш не бил во втора лига е Интер. Во Англија, Франција, Белгија и сега Германија, нема клубови кои се вечни прволигаши. 

Најмногу клубови кои никогаш не испаднале има во Холандија. Тоа се Ајакс, ПСВ Ајндховен, Фаенорд и Утрехт. Португалија ги има Порто, Бенфика и Спортинг, а во Грција се Панатинаикос, Олимпијакос и ПАОК. Во Турција, вечни прволигаши се Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ, а Селтик и Абердин никогаш не ја напуштиле првата шкотска лига. 

Најново во Меѓународен Фудбал