ДЕТАЛИ ОД ВТОРИОТ НАЈСКАП ДОГОВОР ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ

Само Меси ќе има поголема плата од Кутињо, Бразилецот нема да смее да игра во ЛШ

Офанзивецот потпиша верност со гигантот од „Камп Ноу“ во следните пет и пол години

објавено: 6 јануари 2018 - 22:15

Филипе Кутињо годишно ќе заработува по 14 милиони евра годишно и со тоа ќе биде веднаш зад Лионел Меси, според платата која ја добиваат фудбалерите на Барселона. Бразилецот потпиша договор на пет ипол години со тимот од „Камп Ноу“. Каталонскиот гигант плати 140 милиони евра на Ливерпул, за конечно англискиот тим да го пушти креативецот да си замине од „Енфилд Роуд“.

Интересно е тоа што Барселона ќе може да смета на услугите на Кутињо само за мечевите во шпанските дуели. Бидејќи Кутињо сезонава играше за Ливерпул во Лигата на шампионите, сега Бразилецот нема да има можност да игра во елитната европска лига, во пролетниот дел. 

Доколку некој сака да го купи Кутињо од Барселона, ќе мора да плати 400 милиони евра, на колку што е ставена границата за откупната клаузула со новиот договор.

Најново во Меѓународен Фудбал